-Во рамки на посетата на Брисел се сретнавме со директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во службата за надворешно-политички работи на ЕУ, Анџелина Ајхорст, објави на својата Фејсбук страница Мицкоски.
На средбата кажав дека Македонија треба да го продолжи својот пат кон ЕУ и побарав поддршка за државата, се согласивме дека местото на Македонија е во ЕУ.
Зборувавме за неправдата која е нанесена на македонскиот народ, на македонската нација и на македонската држава и неможноста да ги почнеме долгоочекуваните преговори со Европската Унија, бидејќи ние како народ и како држава заслужуваме да бидеме дел од европското семејство. Тоа што го добив од другата страна како повратна информација е дека нејзина лична желба, но и желбата на политичарите овде во Брисел е навистина да дадат сè од себе за да му помогнат на македонскиот народ и на македонската нација но, и на Македонија како држава.
Задоволен сум од тоа што го слушнав, најдоброто за македонскиот народ и држава допрва следува, вели Мицкоски во својата објава.