Се наоѓаме на мостот на Башино село, токму на оној мост за кој што години наназад се изнаслушавме приказни за негова реконструкција, обнова па дури и изградба на нов мост во рамките на проектот за обиколница која што беше ветена од страна на СДСМ во програмата „За живот во Велес“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.

После толку години гледаме дека овој мост е во страшна и катастрофална состојба и само прашање е можеби на месеци или денови кога ќе се случи најголемата катастрофа во Велес и велешко.Токму низ овој мост постојано поминуваат најтешките товарни возила, постојано целиот транзит на околните општини поминуваат токму низ овој мост а локалната и централната власт воопшто не презема ништо, изјави Здравковски.

Токму затоа јас како пратеник во Собранието на Република Македонија поднесувам амандман за ребаланс на Буџетот за 2021 година со кои што ќе се обезбедат средства во висина од 200.000.000 денари за реконструкција на овој мост, а во истите тие пари би влегле и оние кои што се предвидени за мостот во населба Речани, кој што исто така е уште еден проект на СДСМ а се уште нема абер да почне. Се надевам дека властите и од централната и од локалната власт ќе го поддржат овој мој амандман и ќе го подобриме Велес како место за живеење и нормално и безбедноста на граѓаните, изјави пратеникот.