Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер кој септември годинава стапи на должноста.
Претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Прескер за ситуацијата во државава. Притоа во текот на разговорот акцент беше ставен на корупцијата и криминалот, како и на претстојните парламентарни и претседателски избори.
Претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Прескер за сознанијата дека постојано се појавува нов коруптивен скандал во кој вклучени се лица од власта.
Претседателот Мицкоски укажа на лошата економска ситуација во која е државата, како и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните. Мицкоски посочи дека лошата економска состојба за која говори и последниот извештај на Светската банка е последица на лошите политики на Владата.
На средбата претседателот Мицкоски укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик информирајќи дека кај власта нема воопшто интерес за прецизирање на термин за претстојните парламентарни и претседателски избори.