Муцунски оствари средба со поранешниот претседател на државата Иванов

Министерот Муцунски оствари средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов. Во рамки на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Меѓународната алијанса за цивилизации, застапувана од поранешниот претседател Иванов.

Целта на меморандумот е унапредување и збогатување на соработката помеѓу двете страни во областа на јавната дипломатија, развојот на културната дипломатија и афирмацијата на македонската култура и идентитет во странство.

Форум за културна дипломатија

Во рамки на оваа соработка, Министерството денес беше домаќин на третиот Форум за културна дипломатија. Во моето обраќање говорев за важноста на културната дипломатија како средство за надминување на разликите помеѓу државите, но и за нашата посветеност како институција да ја продолжиме културната промоција на државата на меѓународната сцена.