Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот мировен форум се сретна со првиот човек на фондацијата Отворено општество, Александар Сорос. Во објавата на социјалните мрежи Александар Сорос напиша дека е добро да се види Ковачевски расположен и насмеан.

„Добро беше да се види Димитар Ковачевски со добро расположение и насмеан, иако ја има една од најтешките работи од сите премиери во Европа“ напиша Александар Сорос. Тој неодамна го презеде раководењето на фондацијата од неговиот татко Џорџ Сорс.

Ковачевски во Париз имаше и работна вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, каде што се споделила определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот.