– Во текот на средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разменети мислења за тековната соработка. Можностите за унапредување на меѓусебната соработка во областите од заемен интерес на двете земји беа во фокусот на разговорите помеѓу министерот Спасовски и амбасадорот Гарсија, информира МВР.
Двајцата соговорници констатираа дека од заемен интерес е и во иднина соработката меѓу двете земји интензивно да се развива и преку размена на искуства, во форма на студиски посети итн.
-Амбасадорот Гарсија ја пренесе и подготвеноста на Кралството Шпанија да даде поддршка и во делот на справувањето со илегалната миграција и криумчарењето на мигранти, се наведува во соопштението на МВР.