-На средбата беше разговарано за севкупните активности на УНДП во нашата држава во повеќе области, вклучувајќи го демократското управување, намалувањето на сиромаштијата, превенцијата на кризи и нивно надминување, животна средина и енергетика, здравство и социјален развој, известуваат од Кабинетот на Претседателот.

Пендаровски изразил задоволство од досегашната соработка на УНДП со Република Македонија и реализацијата на бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата, како и соработката во рамки на подготовката на Рамката за развој МКД2030.

-Претседателот Пендаровски на новоименуваниот постојан претставник Григорјан му посака успешна работа за време на петгодишниот мандат и изрази уверување дека со неговото досегашно професионално искуство ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката на УНДП со нашата држава, нформираат од неговиот кабинет.