Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Емери и изрази очекување дека за време на неговиот мандат билатералните односи ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија во насока на промовирање и збогатување на пријателството и сојузништвото на меѓународната сцена, особено од аспект на мултилатералата.
– Амбасадорот Емери искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските односи меѓу Северна Македонија и Австралија преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес и трговската размена меѓу двете земји. Тој исто така изрази интерес за европската перспектива на државата и поддршка во евроинтегративниот процес, се додава во соопштението.