Николоски на својот Фејсбук профил пишува дека денеска во Собранието на Република Македонија се сретнал со Роберт Кленкоски, Македонец од Германија кој е претседател на Централниот совет на Македонците од Германија.

Разговаравме за понижувањето низ кое поминуваат нашинците поради неспособноста на владата на ДУИ и СДСМ. Создадоа толку голем проблем со пасошите со кој граѓаните на Македонија не можат нормално да функционираат низ Европа и целиот свет, нарушени се основни човекови права. За тоа мора да има одговорност! Македонија има силна дијаспора, а ние како држава мора да се грижиме за нашата дијаспора, пишува Николоски.