По Скопје-Барселона, разгледување можност за воведување нови авиолинии меѓу двете држави

На средбата се разговараше за условите и можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа вицепремиерот Николоски информираше за владините политики и планови за развој на авиосообраќајот во државата.

Тој потенцира дека новата линија Скопје-Барселона која се воведува од месец мај оваа година, како дел од владината програма за развој, ќе ја зголеми соработката меѓу двете земји, што ќе значи отворање на нови перспективи меѓу двата народи.

Средба Николоски - Ортиз
Средба Николоски – Ортиз

Исто така, беше потенцирано дека двата домашни аеродроми имаат доволен капацитет и потенцијал да ги опслужат сите заинтересирани авиокомпании, а Македонија има богата туристичка понуда која може да прими бројни туристи од Шпанија.

Соработка за актуелната ситуација

На средбата, беа разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот.

Двајцата соговорници ги потврдија добрите билатерални односи и се согласија за интензивирање на таквата соработка во дејности од заеднички интерес.