Република Северна Македонија и Албанија ја одбележуваат 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. По тој повод, во официјална посета на Скопје престојува и министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка.

„Нашите влади имаат пријателска комуникација за низа прашања, модел на соработка меѓу соседите во нашиот регион. Нашите земји даваат придонес во меѓусебното поврзување на регионот и придонес кон евроатлантската перспектива. Разговаравме како можеме да ја интензивираме соработката меѓу нас. Денеска се среќаваме како министри за надворешни работи на две земји членки на НАТО… За нашиот интегративен процес да напредува стабилно и со конкретни резултати ги охрабрувам политичките актери во Северна Македонија да придонесат конструктивно во исполнувањето на обврските што отвораат начин за напредок на интегративниот процес на земјата. Во оваа прилика сакам да ја ценам улогата и придонесот на Албанците во Северна Македонија. Тие докажаа дека се придонесувачи за стабилноста и развојот на земјата, безрезервни поддржувачи на интегративниот процес на земјата“, Џачка.