Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Охрид, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, бил домаќин на српскиот премиер Ѓуро Мацут и на висока делегација од Владата на Србија.
Николоски посочи дека пријателството меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а соработката меѓу двете држави во сите сектори ја оцени како исклучително добра.
„Заедно работиме на повеќе проекти кои ќе ја зајакнат економијата,
транспортниот сектор и силна трговска размена“, објави Николоски.
