Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари средба со гости од Соединетите Американски Држави, на која присуствуваа Ли Кордер, Паула Кордер и Елона Прој.

Средбата се одржа во топла и пријателска атмосфера, при што соговорниците ставија посебен акцент врз значењето на меѓусебната соработка и потребата од зајакнување на врските меѓу луѓето и општествените институции.

Во рамки на разговорите беше нагласено дека посветеноста и ангажманот на брачната двојка Кордер и Прој во воспоставувањето релации меѓу политичките лидери, професионалните кругови, невладините организации и институциите дава значаен придонес кон градењето нови контакти и активното унапредување на општествениот дијалог.

Овој заеднички ангажман институционално се оценува како важна можност за натамошно зацврстување на соработката и долгорочно градење одржливи партнерства на повеќе нивоа.