– Премиерот Заев потенцираше дека е особена важна поддршката на УНДП за успешно спроведување на планираните реформи во земјата, кои се важни за реализирање на нашите развојни приоритети и исполнување на евроинтегративниот процес, со крајна цел обезбедување на квалитетен живот на граѓаните, соопштуваат од Владата.
На средбата се разговарало и била истакната поддршката и соработката на УНДП во изработката на Националната стратегија за развој на земјата, при што било констатирано дека продолжува посветеноста и имплементацијата на документот: „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации“ за периодот 2021-2025 година, како стратешка програмска рамка за активностите на Обединетите нации во нашата држава, во насока на постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации.
– Поздравена е меѓусебната соработка и отвореноста на Владата и институциите за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, соработка во обезбедувањето на зелено финансирање со кое ќе се зголемат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во приватниот и станбениот сектор, велат од Владата.
Соговорниците со задоволство констатирале дека соработката продолжува и УНДП останува да биде близок развоен партнер на Република Северна Македонија во насока на остварување на националните приоритети, поддржувајќи ги процесите преку советодавна помош и механизми за ефикасност, јакнење и подобрување на капацитетите во сите приоритетни области.