Целиот период на министерската за образование Мила Царовска е исполнет со скандали, уништување на образованието и инаетење на министерката, реагираше „Средношколски глас“ преку соопштение, откако Царовска најави воведување електронски учебници.

– Последната ‘реформа‘ со учебниците е крајно лоша и дискриминаторска одлука од многу аспекти, но свесни сме дека Мила Царовска има цел сосема да го уништи образованието и дека гласот на граѓаните е апсолутно небитен за министерката. Ние ‘Средношколски глас‘ како средношколска организација строго се противиме против уништувањето на образованието и доколку министерката Мила Царовска продолжи со нејзиното инаетење и деструктивизам, нашето противење ќе прерасне во протести, а трпението кај граѓаните е од ден на ден помало. Стоп за уништувањето на образованието, наведува „Средношколски глас“ во соопштението.