Барам од српската Влада, Министерството за финансии и Даночната управа на Србија итно да седнат на преговарачката маса и да го решат проблемот со оданочувањето на фриленсерите што е можно поскоро, изјави Миран Погачар, претседател на Здружението на работници на интернет по доставувањето писмо до Амбасадата на Македонија во Белград со кое се бара официјален одговор за тоа како се оданочуваат платите на дигиталните работници во Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Здружението на работници на Интернет ја повика Владата на Србија да ги обнови преговорите со нив за статусот на фриленсери што е можно поскоро.
– Ние ги предадовме нашите прашања на земјите кои го регулираа статусот на фриленсери. Пред сè, мислам на Македонија, но исто така и на Хрватска, Унгарија, Бугарија, Босна и Херцеговина, изјави Миран Погачар, се наведува во соопштението на Ури.
Според претставниците на УРИ, Македонија го решила ова во 2015 година, така што фриленсeрите и самовработените граѓани плаќаат 10 отсто од даноците, додека придонесите се на доброволна основа и не се собираат даноци и придонеси наназад, како што во моментов тоа е случај со властите во Србија.
Тој исто така изјави дека во други земји постојат законски регулативи кои се однесуваат на работата на фриленсер и дека тие се далеку поповолни од она што се планирана во Србија.
Погачар исто така објасни дека ќе побара од амбасадите на земјите што се одлучиле за статусот хонорарни службеници официјално да објават информации за тоа, за да бидат достапни за српската јавност.
– Во секој случај, ние не сме тука да бараме такво нешто, ова е прашање на информирање, објасни претставникот на УРИ на прес-конференција пред Амбасадата на Македонија.
Тој истакна дека фрленсрите бараат од Владата на Србија, Министерството за финансии и Даночната управа „итно” да седнат на преговарачката маса.