Сообраќајната блокада на една од клучните крстоснициво Белград, која ја организираа млади студенти и активисти, продолжи и денеска, откако тие ноќта ја минаа во шатори во импровизиран камп на улицата.
Сообраќајната блокада почна во петокот напладне, а треба да трае до денеска напладне, кога, како што е најавено, студентите ќе се приклучат на протестот на иницијативата „ПроГлас“.
Студентите протестираат, бараат да се отворат избирачките списоци, поради сомнеж дека на нив се наоѓаат гласачи за изборите одржани на 17 декември, кои биле запишани на адреси каде што не живеат.
Околу нив има неколку полициски возила.