Осум деца и чуварот се убиени во престрелката што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, потврди српското Министерство за внатрешни работи. Според официјалните информации, ранети се шест други деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова.
Во училишниот двор е пронајден и приведен ученик од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија, велат од српското МВР.