Најголемиот и најрепрезентативниот синдикат во земјава повторно ги потсетува работодавачите на тоа дека од почетокот на годинава почнаа да важат измените на Законот за трговја, согласно кои доколку работат во недела или на празници, треба да им дадат многу поголеми дневници на работниците. Работниците, пак, ги повикуваат да ги пријавуваат сите прекршувања на законот.
Потсетуваат дека деновите Бадник и Божик се празници, па оние работници што ќе работат на празник, имаат право на дневница од 250 отсто.
Синдиктот има сомнежи дека голем дел од инспекторите на газдите им велеле дека за Бадник и за Божик, „ако работат сите работете и вие“, па затоа по градовите има многу најави дека сите големи супермаркети ќе работат, а не смеат согласно Законот за трговија.
-Ви укажуваме дека Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија од Службен Весник од 27 декември, во член 4 предвидува дека ,,Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон (во натамошниот текст: празници).”
Согласно соопштение на Министерството за труд и социјална политика се соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, а 7 јануари 2022 година (петок) Божиќ е неработен ден за сите граѓани.
Ако работодавачот не е во дејностите кои спаѓаат во исклучоците во кои по исклучок од ставот 4 на овој член, трговијата на мало може да се врши: 1) во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; 2) во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; 3) во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2; 4) на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; 5) во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и 6) на зелени пазари, истиот не смее да работи на во недела на државен празник или на други празници определени со закон“, велат од Сндикатот.
На оние работниците кои се во наведените исклучоци им укажуваат дека имаат право на вкупно 250 отсто дневница за работа на празник.
-Укажуваме дека „Ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај работодавачот работи работник во недела и на празници, спротивно на членот 25 од овој закон, со решение на работодавачот ќе му забрани вршење на работа во работната просторија, односно работниот простор, каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена и ќе му издаде прекршочен платен налог. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка, согласно со Законот за прекршоците, потенцираат од ССМ.
Апелираат сите прекршувања да се пријавуваат во ДИТ или ССМ преку апликацијата ССМ – мои работнички права.