Газдата на ДоказМ, новинарот Марјан Стаменковски доцна попладнево е уапсен во скопската населба Влае.
За ова се огласи и Героски на својот Фејсбук профил.
Се наоѓам пред домот на Марјан Стаменковски. Неколку часа овде се врши претрес. По наредбљ на ОЈО Скопје. Ноќва тој ќе ја помине во полициската станица во Карпош, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка. Како што дознаваме, од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки. Непотврдени сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР, пишува Героски.
На ова тој додаде и најнови информации дека Стаменковски се пожалил на здравствени проблеми, се очекува да пристигне Брза помош.