Директорот на судска медицина, Александар Станков не може да зборува за причините за несреќата но вели дека тела биле пронајдени на неколку места во автобусот, а во најголем број кај задната врата која за жал не можела да се отвори.
Судските вештаци беа на лице место заедно со обвинителите веднаш по несреќата. Двајца експерти се од неделата заминати во Софија каде ќе ја мониторираат или ќе помагаат доколку е потребно во идентификацијата на жртвите.
Можно е таа да да заврши до крајот на неделава, а потоа нашата држава да организира транспоорт на посмртните останки до роднините.