Додека земјите членки на ЕУ поединечно почнаа да воведуваат нови рестрикции за слободното движење во Унијата, Европската Комисија денеска ги повика да не го прават тоа и да се придржуваат до правилата воведени со Дигиталниот ковид сертификат летово.

Португалија и Полска веќе најавија посебни ограничувања за сите патници без разлика дали се од или вон ЕУ.

Поради ова претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, би требало да свика вонреден самит преку видеоконференција во наредните денови за да се координира европскиот одговор пред ширењето на сојот омикрон откриен благодарени на научниците од Јужна Африка.

Овој сој е лесно пренослив, но не е јасно сè уште какви симптоми и последици предизвикува.