Димитриевски, кој само против Украина забележа 7 одбрани и одбранет пенал, е рангиран пред голмани од светска класа кои играат во најдобрите клубови, меѓу кои Тибо Куртоа, Дени Ворд и Џордан Пикфорд.

Рангирањето се одвива според алгоритам поставен од Федекс, чија главна задача е собирање на сите достапни податоци за перформансите на играчите поединечно според нивните заслуги на натпреварите.

Во тимот на Македонија, по Димитриевски како најдобро оценети се Дарко Велковски, Аријан Адеми, Горан Пандев, Езѓан Алиоски и Висар Муслиу.