На подрачјето на древниот град Ајзаној, кој се наоѓа во западниот дел на Турција, археолозите откриле солидно извајани глави на древните богови Афродита и Дионис.

Истражувачите сметаат оти статуите пронајдени при археолошки ископувања се направени од варовник пред околу 5.000 години. Според координаторот на ископувањата, археологот Гохан Косќун од турскиот универзитет „Думлупинар“, овие наоди се многу важни за натамошните истражувања.

– Тие покажуваат дека политеистичката култура на Древна Хелада постоела долго време без да го изгуби своето значење ниту за време на римската ера, рече тој.

Се верува дека градот Ајзаној бил основан во бронзената ера. За време на хеленистичкиот период, тој бил во владение на Кралството Пергам, пред да биде заземен од Рим во 133 г. пр.н.е. Во 2012 година, областа беше призната како светско наследство на УНЕСКО. Тука се наоѓа еден од најдобро зачуваните храмови посветени на богот Зевс, огромен амфитеатар и неколку мостови од римскиот период, од коишто два сѐ уште се користат.