Пожарот, кој зафати сува трева и нискостеблеста шума во близина на кичевското село Тајмиште, на десната страна од патот кај планинскиот превој Стража е ставен под контрола, информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според информацијата, на терен се две возила на кичевската пожарна и вработени од шумското стопанство „Лопушник“ и пожарот бил пред комплетно ликвидирање.
Пожарот кај Тајмиште избувна во понеделникот и не постоеше опасност по населението и зафаќање на куќи.