Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во просториите на општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.

За доделувањето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

-ДОДЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ!

Имав одлична можност да ги доделам решенијата за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди.

Оваа мерка е уште една од низата мерки кои општина Гази Баба ги реализира во рамки на програмата за заштита на животната средина.

Како општина реализираме проекти преку кои ги враќаме парите назад кон граѓаните преку доделување на субвенции за набавка на велосипеди, електрични тротинети, печки на пелети, инвертер клима уреди, како и за вградување на уреди за течен нафтен гас на возилата и чистење на оџаците.
Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите на мојот мандат како градоначалник на општина Гази Баба.

Работиме чесно, одговорно и посветено. Средствата од буџетот се трошат наменски и исклучиво за реализација на проекти за граѓаните, напиша Стефковски.