Крак еден, крак два и крак три во прва фаза, во вкупна должина од 710 м2. Инвестицијата е 5.173.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.
-Со почетокот на реализација на низа проекти во Гази Баба докажуваме дека Гази Баба ќе се менува и ќе се гради. Во периодот што претстои пред нас и во 2022 година најавувам низа на проекти со цел да ја направиме општина Гази Баба инфраструктурно развиена и еколошки чиста општина.
После повеќе од 50-тина години во ова населено место започнуваме со ваков капитален проект за фекална канализација и многу ми е мило што граѓаните на населено место Страчинци во наредниот период ќе имаат и ќе добијат фекален канализационен систем, посочи Стефковски.