Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово беше во посета на економските оператори кои се задолжени за зимско оддржување на територија на општина Гази Баба.
За посетата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:
„Општина Гази Баба е подготвена за зимско оддржување.
Ги посетив економските оператори кои ја имаат обврската за зимско оддржување на територија на општина Гази Баба.
Службите и кризниот штаб на општина Гази Баба се подготвени за справување со сите предизвици кои ги носи зимскиот период од годината.
Граѓаните да бидат спокојни, обезбедени се доволно количини сол и механизација, нема да има непроодна улица и населено место во општина Гази Баба како последица на врнежи од снег“, напиша Стефковски.