Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека продолжуваат градежните активности за изградба на атмосферската канализација во новата населба Хиподром 2.

Најави дека активностите и динамиката на изградба во иднина ќе се реализираат со зголемен интензитет.

-Во буџетот за 2022 година имаме предвидено средства за изградба на инфраструктура во новата населба, а потоа да пристапиме и кон асфалтирање на улиците, вели Стефковски.