Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше дека се завршени градежните работи за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога во Ченто.

-Завршија градежните активности за изградба на четвртиот спортски терен на најсовремена тартан подлога во Ченто.
Продолжуваат инвестициите во спортската инфраструктура во општина Гази Баба.
Досега изградивме спортски терени во Пуста Кула и Чукур Маало Трубарево, Ченто кај Св. Лидија, Кирил Петрушевски и спортски терен на вештачка трева во Инџиково.
Изградба на нови спортски терени ќе продолжи и во следниот период. Создаваме услови за спорт и рекреација на нашите граѓани.
Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина! – напиша Стефковски на Фејсбук.