Без вода денеска од 8:30 часот се дел од жителите од населбата Радишани.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-80 мм на „Радишанска Лево 217“ (Бел Камен – Радишани).

Поради уличен дефект на улица „Јуриј Гагарин“ 105б, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“ и „Козле“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите.