Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информираше дека со буџетот за 2023 година се обезбедуваат 73.000.000 денари за ревитализација и рехабилитација на улици.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
Во буџетот за 2023 година обезбедуваме 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на улици.
За прв пат во историјата на општината се определуваат 73.000.000 денари за асфалтирање на улици.
Моја јасна определба е Гази Баба без кал, а тоа значи до крајот на мандатот да нема неасфалтирана улица во општина Гази Баба, напиша Стефковски.