Општина Гази Баба во соработка со здружението на граѓани ГА – БА Скопје, реализира проект за спортски активности за деца со атипичен развој.

На вчерашните активности присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој и лично зема учество во активностите.

За посетата Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

-Спортски активности за децата со атипичен развој!

За успешен раст и развој на секое дете од голема важност е развивањето на неговите моторички вештини, а за таа цел Општина Гази Баба во соработка со здружението ГА-БА-Скопје во спортската сала Крсте Мисирков континуирано организира спортски активности за децата со атипичен развој каде се опфатени учениците од основните училишта во Општина Гази Баба. Ваков проект за прв пат се реализира на територија на општина Гази Баба.

Со изведување на разновидни вежби, игри и полигони кај децата се развива моториката, моторните вештини како и прецизност во движењето, манипулирање и координирање на движењата, нивна контрола, брзина, точност и рамнотежа.

Имав чест и лично да учествувам во вчерашните спортски активности. Проектите од ваков тип ја имаат мојата силна поддршка.

Општина Гази Баба посветено работи на секое дете да му обезбеди услови за подобар раст и развој, со овој процес продолжува и во следниoт период! – напиша Стефковски.