Поделени 300 хуманитарни пакети во голема хуманитарна акција по повод Курбан Бајрам.

По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, општина Гази Баба во соработка со општествено одговорни луѓе и компании вчера и денес реализира голема хуманитарна акција во рамки на која ќе се поделат 300 хуманитарни пакети со храна на семејства од муслиманска вероисповед.

Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат македонци, албанци, турци, роми, власи, бошњаци и сите останати.

Заедно живееме и се почитуваме.

Изминатиот период за време на велигденските празници поделивме 200 хуманитарни оброци, а за време на новогодишните празници поделивме над 500 хуманитарни пакети.

Хуманоста е наша одлика и така ќе продолжиме и во иднина, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стевковски.