Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме во посета на населеното место Брњарци. Во оваа прилика сакам да искажам благодарност до претседателот за поддршката која ни ја дава во насока на справување со сите предизвици кои ги имаме и во решавање на проблемите и потребите на граѓаните, истакна Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
-Денес означуваме почеток на нов водоводен систем за ова населено место, проект кој опфаќа инсталација на нова водоводна мрежа во должина од 2,4 километри. И чија вредност изнесува 7,8 милиони денари.
Како локална самоуправа сме посветени на решавање на децениските проблеми на граѓаните, а доказ за тоа е и реализацијата на овој проект со кој што после долги години ова населено место за првпат ќе добие питка вода за пиење.
-Како Општина реализираме и други проекти во повеќе населени места. И интензивно се работи и на асфалтирање на повеќе локални улици во населените места низ општина Гази Баба. Во моментов се работи и на изградбата на последната фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево. И за многу скоро од денес секое домаќинство во Црешево ќе биде поврзано на фекална канализација. И можам да најавам уште еден голем проект, а тоа е за неколку дена од сега ќе го отвориме новиот објект кој ќе биде наменет за Дневен центар за деца со посебни потреби. Во наредниот период ќе реализираме и многу други проекти за кои што заедно ќе бидеме сведоци, додава Стефковски.