-Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба, информираше преку својата Фејсбук страница новиот градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните, пишува Стефковски во неговата објава.