Со моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба кажав дека ќе работиме чесно, одговорно и посветено во интерес на граѓаните. И тоа ќе биде така!

За утре 25.04.2023 година (вторник) во 11:45 часот закажувам прес конференција на која пред јавноста и граѓаните ќе презентирам кршење на повеќе Закони во работењето на едната детска градинка во нашата општина, кое е утврдено со
Извештај од надворешна независна ревизорска куќа.

Градинките служат за згрижување на нашите деца!

Нема да дозволам градинките да бидат извор на незаконско работење!, објави на социјалната мрежа на Фејбук градоначалникот на општина Гази Баба.