Започна изградбата на 6 километри нова мрежа на фекална канализација во населеното место Страчинци, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
Посебно сум среќен што денес имав можност заедно со Министерот за Животна средина и просторно планирање Насер Нуредини да присуствуваме на почетокот на изградба на втората фаза на фекалната канализација во Страчинци.
Во првата година од мојот мандат ја реализиравме првата фаза од фекалната канализација за ова населено место со средства од буџетот на општина Гази Баба.
Со втората фаза која денес отпочна со реализација ќе се изгради нова мрежа во должина од над 6 километри и со оваа фаза целото населено место Страчинци ќе добие фекална канализација.
Ветувањата дадени за време на изборите стануваат реалност. Гази Баба од ден, за ден се менува. Нема повеќе заборавени населени места!, пишува Стефковски во својата објава.