Градоначалникот на општина Гази Баба преку статус на Фејсбук пишува дека завршило асфалтирањето на неколку улици во Ченто.
-✅ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА КРАЦИТЕ ОД УЛИЦИТЕ САВА МИХАЈЛОВ И АНТОН ПОПОВ ВО ЧЕНТО.
✌️Завршија градежните работи за асфалтирање на краците од улиците Антон Попов и Сава Михајлов во Ченто.
👉По 5️⃣0️⃣ години овие улици се асфалтирани.
👍Општина Гази Баба како локална самоуправа претставува сервис на граѓаните и така ќе продолжиме и во следниот период.
📍Акцијата за асфалтирање на локални улици во период пред нас ќе продолжи и во останатите населени места низ општина Гази Баба.
#ГазиБабаБезКал
#РаботноЛето2023, стои во неговиот пост на Фејсбук.