Казни за сто возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на цела држава, во рамки на засилената сообраќајна контрола, информираа денеска од МВР.

Од нив, шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.