Верувале или не, во Македонија нема заинтересирани градежни компании за расчистување на одронот на автопатот Миладиновци-Штип, па работата ја добива единствениот понудувач, за неверојатни 767 илјади евра, нормално, компанија блиска до СДСМ, рече на прес-конференција порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Почитувани, очигледно единствен критериум за избор на тендер на општини, ЈП и компании предводени од СДСМ/ДУИ е единствен понудувач. Единствениот понудувач веројатно бил критериумот за Благој Бочварски од СДСМ и директорот на ,,Државни патишта” -Ејуп Рустеми од ДУИ да ја изберат фирмата блиска на кандидатот на СДСМ за градоначалник за Битола, „Стентон градба”, за расчистување на одронот којшто повеќе од половина година стои на автопатот Миладовци-Штип и зафаќа две од трите коловозни ленти. Притоа, понудата на Стентон, односно сега договорот е групна, а како изведувач е наведена компанија за градежништво, транспорт, угостителство и услуги „Урбан План Констракшн“ од Тетово. Повторувам, единствен понудувач на тендер, јавен повик за градежни компании, за расчистување на одроните којшто повеќе од половина година стојат на автопат и се вози по само една коловозна лента. Според документите, на огласот распишан од ,,Државни патишта” водено од Ејуп Рустеми од ДУИ, во соработка со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на 10ти мај годинава потпишале договор со единствениот понудувач ,,Стентон Градба” од Битола, за расчистување на одрони и олеснување на косини, за речиси 40 милиони денари, сума којашто со ДДВ изнесува над 767 илјади евра.Како изведувач е наведена компанија за градежништво, транспорт, угостителство и услуги „Урбан План Констракшн“ од Тетово.Како е возможно на толкав тендер, да биде пријавен само еден понудувач?Како е возможно на тендери за патишта, за градба, за набавки, за санирање, тендери распишани од СДСМ/ДУИ, за работа да бидат заинтересирани само по една фирма, неретко поврзани со партијата на власт?Така е и во случајов, кога СДСМ во Битола на локалните избори излезе со кандидат во тесна врска токму со фирмата којашто сега е единствен понудувач за расчистување на одроните на автопатот Миладиновци-Штип, по дури 7 месеци. Невозможно е во Македонија да нема градежна компанија којашто би била заинтересирана да се натпреварува да земе работа којашто според Бочварски беше проценета над 750.000 евра, истакна Стоилковски.

Почитувани, во Македонија ништо не е изградено, ниту е санирано, нема нови патишта, ама затоа има нови патарини и нови тендери со само еден понудувач.

-Ова мора да има крај! Додаде тој.