Во земјава нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на овие сипаници, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

-Има доволно тестови за евентуална појава на сипаници. За вакцините, од националниот кородинатор за имунизација имам потврда дека во државата имаме на располагање вакцини доколку се појави случај, изјави Сали, одговарајќи на новинарски прашања по отварањето на реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на УК ТОАРИЛУЦ Скопје.