Посочи дека само со Шилегов, тендерите на Скопје не се интересни за градежниците да обезбедат работа и плата.
-Само со Шилегов, улиците, асфалтот чини по неколку милиони евра, ама за тоа само ретко која фирма била заинтересирана. Само со Шилегов нема трка за два милиони евра за една улица. Нема трка за три милиони евра за булевар. Профитер е скандал за местење на тендери. Тука имам список на сите тендери на Град Скопје за улички, за асфалтирања, каде јасно се гледа дека со Шилегов едноставно згаснува трката на електронската аукција. Нема трка, нема наддавање, нема борба за земање на работата. Градежни фирми во ек на криза се незаинтересирани за работа за два или три милиони евра, вели тој.
Стоилковски посочува дека Петре Шилегов го зголемува личното богатство за невозможни скоро половина милион евра.
-Половина милион евра во луксузни вили, автомобили, градење на диво на дополнителни луксузни катови во Карпош. Почитувани, тука имам список со сите тендери поврзани со градежни зафати од град Скопје, каде што речиси 40 тендери, со милионски износи во последните две години, биле неинтересни за градежните фирми. Електронската аукција завршувала со едно наддавање или воопшто немало намалување на цената! Само за споредба, на вакви тендери имало традиција на наддавања дури и до 40- 50 пати. И одеднаш- штама. Нема заинтересирани за 2 или 3 милиони евра во услови на рецесија, во сулови на економска криза. Ова укажува само на едно на местење на тендери. Укажува на дебело профитирање од секој метар асфалт во Скопје. Дебело профитирање од асфалтот во Скопје во последните 3 години. Петре Шилегов за 4 години го зголемува личниот луксуз за речиси половина милион евра. Цел месец Шилегов води кампања ама нема одговор дали и колку е Петре профитер од секоја нереална на тендерите на град Скопје? Цела кампања измина без одговор која или кои фирми му ја граделе луксузната вила од 300 квадрати на Маврово, ниту која или кои фирми му ја граделе дивата надградба на Шилегов во скопски Карпош и дали тоа е поврзано или има некаков линк со тендерите добиени од Град Скопје. Петре Шилегов за 4 години го зголемува личниот луксуз за речиси половина милион евра. Градежни фирми се незаинтересирани да добијат работа од два или 3 милионио евра тендери од Град Скопје. Нема полошо од СДСМ за Скопје, нема полошо од Шилегов, нагласува Стоилковски.