– Започнаа, дојдоа на власт со една идеја и велите ќе имаме сега прогресивен данок, после неколку години им пукна идејата за прогресивен данок како неисплатлива, се вратија на рамен данок и наместо да испратат порака до инвеститорите во светот кои прават стратегии на 5 на 10 години за развој, наместо да им се упати порака дека во наредниот период ќе има таков и таков, рамен данок да речеме, сега повторо го слушнав Заев како вели дека повторно се размислува за враќање на прогресивниот данок. Која е таа фирма која што ќе вложи, а не знае утре како ќе и се пресметува данокот. Па се испрати порака дека ќе растат даноците, и тоа од министер во владата, па другиот ден беше погрешно разбрано, објасни Стоилковски.

Тој вели дека власта нема стратегија каде треба да биде Македонија и како да се излезе од општата криза.