Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:
Ова се фотографии кои ги добив пред малку, од пара-полициските структури испратени вчера во Битола.
Ова се тројца членови на онаа група на полициски структури и пара-полициски структури испратени во Битола. Благојче Ј, Маријан Н, Антонио Б, сите полицајци, испратени вчера од единицата за специјални задачи, испратени од така познатиот „Љубовник на Водно“, близок на Зоран Заев и на Оливер Спасовски.
Почитувани, ова се специјалци испратени во Битола, во цивилна облека и цивилни автомобили, коишто немаат официјална потреба да бидат распределени таму, бидејќи се луѓе коишто официјално треба да се занимаваат со тероризам. Но, таму се испратени и ставени на располагање на Васко Ковачевски, и неговата група во Битола за поткуп и терор врз населението за изборни цели.
Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги обелоденува сите информации за теророт и злоупотребата на институциите во изборни цели на СДСМ.
Во рака држам докази, испратени од свиркачи за списоци со луѓе- гласачи и со нивните потреби, како и уцени и ветувања дека ќе се сретнат со некој со кого имаат доверба дека ќе им го реши проблемот ако го дадат гласот за СДСМ.
Е сега ќе продолжам со друг вид на докази за притисок од СДСМ кон граѓаните со една цел, гласање на избори со цел опстанок на режимот.
Не запираат информациите за притисоци, за терор, поткуп, но и за нудење на различни удобности на граѓаните само за глас повеќе за опстанок на режимот. Во поразот се прават злоупотреби на сите нивоа, се ветуваат вработувања, бришења на хипотеки, социјална помош, се’ што ќе им се види примамливо да го понудат.
Во рака држам докази испратени од свиркачи за списоци со луѓе гласачи, и за нивните потреби, како и уцени и ветувања дека ќе се сретнат со некого, во кого имаат доверба за да им го реши проблемот, доколку се даде гласот за СДСМ.
Притисоците за гласови одат до најсилното чувство, чувството за безбедност и за работа.
Ќе прочитам неколку имиња и детали од списоците:
-Џулиета Ш. од Тетово – проблем стан под хипотека, и се нуди помош;
-Андријана А. од Битола- вработување за ќерката во Скопје;
-Наташа П. од Росоман – вработување дипломиран детектив;
-Јордан П. дипл електроинженер, му се нуди за подобра позиција во ТЕЦ Неготино;
Следи една запишана порака – Да се најде Менче од Прилеп од сточен пазар преку ОО Прилеп, за вработување;
Понатаму, Никола Н. од Суводол, запишано вработување на Александар Н. лице со телесен инвалидитет, за којшто е побарана услуга за глас;
Ванчо М. вработен, самохран родител со плата од 16,000 денари, му се нуди вработување на неговата ќерка;
Душанка Ј. од Бутел, 4 години немала електрична енергија и се нуди решавање на проблемот доколку гласа за СДСМ;
Весна С, текстилен работник од Штип, од оние кои веројатно останаа без работа од Баргала, бара вработување за синот;
Елизабета П. – реализирање на станбено прашање.
Почитувани, ова е игра со најболните чувства на луѓето, среде економска криза, рецесија, затворени фабрики и надоаѓачка енергетска криза. СДСМ го пробива дното. Се служат со сила, репресија и казни, но и со лаги нудат работа и корка леб на луѓе само за глас.
Но, веќе на сите им е јасно, дека никој повеќе не верува и не им се плаши на насилниците од СДСМ, па затоа вакви докази стигнуваат до ВМРО-ДПМНЕ. Народот е охрабрен, народот е храбар, доставува информации за сите нерегуларности, народот знае дека зад параванот на изборите е тој кој одлучува за себе и за Македонија.
Почитувани, затоа во недела се гласа, да се стави крај на овој насилнички режим.
Нема полошо за Македонија од СДСМ!, заклучи Стоилковски.