Вели дека токму на денот кога се гласа недоверба на владата, режимот на Зоран Заев прави притисок врз опозициски пратеници и пушта полиција за претрес во домот на пратеникот којшто престојува со своите родители.
-Токму во очи на гласањето, финансиска полиција влегува во домот на родителите на Јован Јаулески, дом во којшто и тој престојува, во 5 часот наутро да врши претрес, да вознемирува, одзема телефони и што ли уште не! Притисокот, полициска бруталност, судски налози, ливчиња и политички нарачани налози за дом на пратеник токму денеска кога се гласа недоверба на владата на овој режим на Зоран Заев! Влетува финансиска полиција на Арафат Муарем, партиски војник којшто одработуваше и за време на изборите во корист на режимот. Токму од сите денови, токму денеска, Зоран Заев, Оливер Спасовски и Арафат Муареми испратија полиција во дом на пратеник на опозицијата! Целта не бил пратеник, целта бил негов родител, којшто и ова ќе додадам, не е приватен стопанственик, не е трговец поединец. Арафат Муареми, Оливер Спасовски, Обвинителството, денес не работат да најдат кој тоа предизвика енергетски колапс и економска штета на државата – Арафат Муарем, Оливер Спасовски, Обвинителите и судот праќаат полиција во дом на пратеници, истакнува Стоилковски.
Нагласи дека ништо немало да го спаси режимот.
Зоран Заев, Оливер Спасовски, Арафат Муарем и другите сателити на криминалот и корупцијата, сателити на срамот на државата, за 12 часа ќе се минато!, додаде Стоилковски.