СДС забегува со штетите кои што ги нанесува на Македонија. Избега од бришење на срамен проект пржинска влада за Талат Џафери да го стават за премиер, изјави денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
СДС откако го инсталираше Димитар Ковачевски, без избори, сега го инсталира Талат Џафери за премиер, и тоа само по одлука на Мала Речица. И ова не е единствената точка на истоветност помеѓу двајцата.На јавноста веќе и е познато дека и Џафери како Ковачевски беше дезертер од Армијата, кажа Стоилковски.
Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел, изјави Стоилковски во изјава дадена пред Владата на Р. М.
На новинарско прашање дека Џафери не е прифатлив за предлог, но дали ќе учествуваат во техничката влада, и доколку веќе се решете да учествувате со кој датум, Стоилковски одговори
„Тоа што можам да го кажам е дека во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада“, рече Стоилковски.