Оливер Спасоски да ги разреши началниците и инспекторот осудени за злоупотреба, односно политички мотивиран притисок и потоа самиот да замине од МВР! Судскиот документ којшто покажува дека тројца полициски началници и еден инспектор, сите на Оливер Спасовски и СДСМ, направиле злоупотреба во изборен период или со други зборови малтретирале кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ, истакна на денешната прес конференција, Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека тоа е доказ за целосната партизација на полицијата од страна на Оливер Спасовски којшто пет години е министер за полиција.
– Јавноста е добро запознаена дека Владимир Ристов, познат како Камењар, началник на единицата за економски криминал, е близок соработник и вон работното време на Оливер Спасовски. Судскиот документ кажува дека тој, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е кандидат од СДСМ. Чиста партиска злоупотреба на полицијата во изборни цели. Дури и заробеното судство како актуелното, не може да премижи очигледна злоупотреба, па пресудува согласно 353 – несовесно работење од КЗ. Потсетуваме дека за време на изборниот период постојано укажувавме на организирани притисоци и работа на групации од полициските службеници во служба на политички притисок од СДСМ. Се приложуваа докази, беа пресретнати вибер групи, комуникации во кои што најдиректно и брутално се споделуваа информации и се издаваа наредби за следење и пресретнување на нормални и легални предизборни активности на опозицијата и на независните кандидати. Потсетуваме дека беа распоредувани групации од полициски поединци и единици на коишто воопшто не им беше место во определени градови. Потсетуваме дека беше вршено насилство и мобинг од страна на партиски активисти од СДСМ коишто беа заштитени од полициските орди на Оливер Спасовски. И сето тоа е документирано и за сето тоа постојат докази, појасни Стоилковски.
Портпаролот додаде дека наместо за заштита и обезбедување на демократските стандарди во изборен процес, началниците на Оливер Спасовски спроведувале притисок.
– Најмалку се очекува по оваа пресуда Оливер Спасовски да ги разреши тројцата полициски началници и инспекторот од позициите на коишто се уште се оставени. Истовремено, владата мора да го разреши Оливер Спасовски од позицијата министер за внатрешни работи! Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени избори, дециден е Стоилковски.