ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница и до сите граѓани од исламска вероисповед по повод Рамазанскиот пост.

-Овој празник нека биде поттик за граѓаните да продолжат да ги почитуваат и негуваат универзалните вредности, меѓусебно да си помагаат се со цел преку взаемно почитување, добрина, толеранција, солидарност и хуманост да се придонесе за подобра иднина на сите граѓани. Со работа и труд на сите граѓани заедно сплотени ќе се успее да се излезе од оваа исклучително тешка состојба во која се наоѓа нашата држава и нашите сограѓани, се наведува во честитката.