Стоилковски вели дека ова е едно шизофрено однесување на македонската политичка сцена за она коешто претставува власт и она кое претставува грабање на дел од колачот и моќ, во едни многу тешки и кризни моменти за државата, не само финансиски, не само енергетски, ниту и здравствено, образовно, безбедносно, а каде и да се загребе се гледа една корупција и криминогено однесување коешто не чини животи во Македонија.

-Денеска е 13-ти од онаа несреќа и автобусот на смртта во Бугарија, а сеуште немаме никакви одговори, а нема ни одговорност, а утре е 7-ми декември точно три месеци од пожарот во модуларната болница во Тетово, а ценам дека оваа несреќа во Бугарија ќе заврши исто како и несреќата во Тетово, чиј исход ќе ја цитирам обвинителката Русковска „не најдовме ништо конкретно“, а дали истото ќе се случи „ да не се најде ништо конкретно“ и за несреќата во Бугарија, покрај тоа што се ова несреќа ја зголеми несигурноста во јавноста и откри една тешка коруптивна реалност на владеачката елита, критикуваше Стоилковски.

Стоилковски вели дека веројатно по грабањето во власта на Алтернатива не и е дојдено до разрешување на случувањата со автобусот на смртта, ниту со модуларната болница и сето тоа кое овие случаи ги носат, не за коруптивно делување на власта, туку сега се вели дека се избоксувала меѓународна истрага за судски случаи, кои како што вели тој веќе поминале една ревизија низ македонските судови.